Во чест на Илинден и во спомен на светите Пречистански маченици, Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, а со благослов на нашиот почитуван архијереј, митрополитот Дебарско-Кичевски г. Тимотеј, како и на нашиот старец, архимандрит Партениј, дел од сестринството на Раичкиот манастир на Победоносецот присуствуваа на свечената богослужба во манастирот Пречиста во Кичево. По празничната архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со митрополит Тимотеј и Кумановско-осоговскиот митрополит Јосиф, беше осветена и големата камбана Благовесник од 1850 кг. изработка на рускиот Завод „Вера“, од Воронеж. Тоа беше и можност на нашиот надлежен владика да им го покаже на архиепископот и на неговите гости, монахињите од манастирот „Аниноаса“ во Романија и нивниот старец, Климент, новиот конак во кој се гради и параклис, прв храм посветен на Пречистанските маченици.
Поврзано

(Видео) Рождеството на Пресвета Богородица – Почеток на нашето спасение
- 22 септември 2024

Мајката Божја – извор на непресушна радост за светот
- 22 септември 2024

(Видео) Манастирот Пречиста се украси со уште една Христова монахиња
- 21 септември 2024

Монаштвото – второ крштение и пат кон вечната слава
- 20 септември 2024

Светиот Пророк Илија и духот на нашето време
- 3 август 2024