За време на својата посета на Република Бугарија по повод наградувањето со почесната награда на Европскиот парламент – „Граѓанин на Европа“, нашиот старец, Архимандрит Партениј, имаше средба и со истакнатиот научник и општественик, академик Стефан Воденичаров, директор на Институтот по металознание и поранешен претседател на Бугарската академија на науките. На средбата се водеше разговор за Христијанството, коешто им дава полна слобода не само на човековата личност, но и на народите низ светот. Двајцата соговорници се согласија дека е потребна уште поголема прекугранична соработка меѓу народите на Балканот.
Академик Стефан Воденичаров важи за голем поддржувач на Р. Македонија во нејзиниот пат кон интеграција во европското семејство. По заложба на акад. Воденичаров и поранешниот претседател на МАНУ, академик Владо Камбовски, беа остварени бројни заеднички проекти меѓу двете академии, а исто така, во 2014 година, на празникот на Светите Кирил и Методиј дојде до големо зближување и на МПЦ-ОА со БПЦ.