Со благословот на нашиот почитуван надлежен архипастир, Митрополит г. Тимотеј, и со молитвената и татковска поткрепа на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, Свештената Бигорски Обител го доби својот прв магистер по византиско пеење и музикологија, нашиот собрат јероѓаконот Анатолиј. Во петокот, на 2 март, о. Анатолиј на одделот за богослужение и црковна уметност, на Теолошкиот факултет при Аристотеловиот Универзитет во Солун, успешно ја одбрани својата магистерска теза од специјалноста по византиска музикологија, со наслов: „Самогласните стихири на празникот Успение на Пресвета Богородица во византиското и поствизантиското песнотворение“. Нека Бог го благослови овој успех на нашиот собрат и му дарува идни благоуспевања и богоугодни дела!
Поврзано
Прославувањето на Свети Димитриј во Бигорски
- 8 ноември 2023
Филхармониски концерт во Бигорски
- 5 август 2023
Бетовен – Бог над сè
- 15 ноември 2022