Восхитени од успенската благодат која го преобрази новиот ден со чудесна несекојдневна светлина, нашиот надлежен архиереј, митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, и неговите гости, на покана од нашиот старец, архимандрит Партениј, го посети возобновениот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица во с. Ростуше. Митрополит Тимотеј го изрази своето задоволство што некогашниот неугледен храм сега е претворен во едно вистинско велелепно византиско здание со две куполи, и веќе е крунисан со прекрасен позлатен крст. Всушност оваа негова посета само сведочи за неуморната грижа што митрополит Тимотеј ја има во поглед на храмовите во богодаруваната му епархија, грижа која даде плод со многу возобновени и новоизградени храмови. Тој му заблагодари на нашиот старец за сите негови напори и залагања денешниот Богородичен храм во Ростуше да блесне како скапоцен бисер со својата прекрасна византиска архитектура, бидејќи токму Бигорската обител го започна ова богоугодно дело на иницијатива и според благословот на нашиот игумен, а еве сега најпосле селото Ростуше се закити со овој навистина чудесен византиски храм достоен за славата на Богомајката.
- Ознаки:
- Ростуше
- Митрополит Тимотеј
- Посета
Поврзано
Апел кон верниците од Дебарско-кичевската епархија
- 18 декември 2024
Последното испраќање на дедо Тимотеј
- 28 ноември 2024
Заупокоена Света Литургија на Плаошник
- 26 ноември 2024