Покриен рускиот храм на Св. Серафим Саровски

Да се збогатува благолепието на светите Божји храмови е навистина богоугодно и пофално дело. Православните манастири и храмови се „парче небо на земјата“, во нив постојано се слави името Божјо, се слави и споменот на оние коишто со своите свети животи Го прославиле Бога на земјата. Токму затоа приличи тие божествени зданија и надворешно, барем малку, да потсетуваат на неискажливата небесна убавина.

Деновиве, по милоста Божја и со молитвената помош на нашиот највозљубен патрон Св. Јован Крстител и преподобниот Саровски Чудотворец, Св. Серафим, во манастирскиот скит посветен токму на овој миловиден и многупочитуван саровски с

тарец, со златни зраци заблеска надворешниот лик на дрвениот руски храм. Неговиот покрив беше украсен со позлатен лим, изработен во облик на ромбовидна крлушка. За изведба на оваа сложена неимарска вештина, нашиот старец, Игуменот Партениј, заедно со манастирскиот економ, о. Доситеј, задолжи една група стручни работници од славната Киево-печерска Лавра од Киев, Украина.

Бигорскиот храм на Св. Серафим е првиот дрвен храм во руски стил, што како златна хризантема никна на почвата на православна Македонија; воедно тоа е и првиот храм посветен на светиот Саровски Чудотворец во нашата земја.