Во посета на Бигорскиот манастир денес пристигна жупанот на Задарската жупанија во Хрватска, г. Божидар Лонгин, заедно со својата сопруга и нивни пријатели и соработници од Скопје.
Почитуваните гости беа срдечно пречекани од страна на нашиот Старец, епископот г. Партениј и братството, имајќи можност да се запознаат со дел од манастирските содржините, како и со мисијата на нашата Обител.
Изразуваме голема благодарност до г. Лонгин и до неговата придружба за споделената радост и за пријателски поминатите заеднички мигови.