Денес сестринството на Рајчичкиот манастир заедно со својот возљубен старец, Архимандрит Партениј го посети Кнежинскиот манастир посветен на Св. Георгиј Победоносец, каде со благослов и помош на Митрополитот Дебарско- кичевски Тимотеј благочестивата и посветена до крај сестра Драгица Велјановска со голема пожртвуваност го чува и возобновува манастирот, заедно сонејзината сопатничка кон Царството Небесно, сестра Вера. Видлива беше радоста од оваа многу срдечна средба, која ги стопли монашките срца, а разубавениот лик на светилиштето што се украсува со новиот конак кој е во тек на изградба, ги поттикна присутните молитвено да ја искажат својата благодарност кон заедничкиот застапник за двата манастири, великиот меѓу мачениците Свети Георгиј.
- Ознаки:
- Кнежински манастир
Поврзано

(Видео) Млади играорци во Кнежинскиот Манастир
- 11 мај 2024

Вие не сте од овој свет
- 17 ноември 2023

Прослава на Свети Георгиј Победоносец во Кнежино
- 16 ноември 2022

Свети Георгиј Победоносец, носител на Божествениот ерос
- 16 ноември 2022