Денес сестринството на Рајчичкиот манастир заедно со својот возљубен старец, Архимандрит Партениј го посети Кнежинскиот манастир посветен на Св. Георгиј Победоносец, каде со благослов и помош на Митрополитот Дебарско- кичевски Тимотеј благочестивата и посветена до крај сестра Драгица Велјановска со голема пожртвуваност го чува и возобновува манастирот, заедно сонејзината сопатничка кон Царството Небесно, сестра Вера. Видлива беше радоста од оваа многу срдечна средба, која ги стопли монашките срца, а разубавениот лик на светилиштето што се украсува со новиот конак кој е во тек на изградба, ги поттикна присутните молитвено да ја искажат својата благодарност кон заедничкиот застапник за двата манастири, великиот меѓу мачениците Свети Георгиј.
- Ознаки:
- Кнежински манастир
Поврзано
Светии се оние кои се вљубени во Христа
- 7 јуни 2026
Празникот на Сите Светии во Бигорски
- 7 јуни 2026
Поклонение на Светите Метеори (петти дел)
- 5 јуни 2026











