На наша голема чест, денес Свештената Бигорска Обител беше посетена од страна на Амбасадорот на Република Словенија, Неговата Екселенција г. Милан Предан и неговата сопруга. Словенечкиот амбасадор беше топло и гостопримливо пресретнат од страна на нашето братство, а од нашиот економ, отец Доситеј беше запознаен со илјадагодишната историја на ова древно и славно славјанско светилиште. Притоа, тој изрази огромно задоволство за срдечниот пречек.
Амбасадорот беше придружуван од страна на г. Тодор Пендаров, со кого тие биле колеги уште од факултетските денови во Република Словенија.
Изразуваме благодарност за посетата на Амбасадорот Предан и се надеваме дека нашето пријателство ќе продолжи и во иднина.