Денеска, на споменот на Свети Јаков Брат Божји и спроти навечерието на Митровденската задушница, во посета на Свештената Бигорска Обител, како и за благослов од нашиот Старец и Епископ г. Партениј, додје новиот градоначалник на општина Охрид, г. Кирил Пецаков.
Господин Пецаков, кој и претходно беше одржувал пријателски контакт со нашиот Манастир, беше пречекан во духот на манастирското гостољубие и оствари средба со нашиот Старец и Игумен. Овој млад, образован и перспективен градоначалник ја искажа својата поддршка за човекољубивата дејност на нашиот Манастир, истакнувајќи ги заложбите на нашиот Старец за подобро и похумано општество. Му посакуваме добра и богоугодна служба, за слава Божја и во полза на сите граѓани на општина Охрид.