Како што го одбележавме почетокот на светиот Богородичен пост со изнесување на чесниот Крст, така и денес, кога го славиме преносот на моштите на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, по Божја промисла, Првомаченикот, чие име значи „венец“, како да го овенча Успенскиот храм во Ростуше со прекрасен позлатен крст. Имено, по осветувањето на крстот од страна на нашиот старец, архимандрит Партениј, со негов благослов тој беше поставен на врвот од големата купола на обновениот Ростушки храм. Инаку овој крст е подарок од благочестивиот руски верник и пријател на нашиот манастир, г. Анатолиј, бизнисмен од Москва, кој покрај овој крст од прочуениот руски производствен завод за црковни работи – „Софрино“, на манастирот му има подарено и други вредни црковни предмети. Беше прекрасно да се види како овој чудесно изработен крст заблеска на сончевите зраци облагодатувајќи го целиот простор и будејќи радост во нашите срцa, како што и Христовата светлина ги просветлува и радува нашите души. Со овој крст, Успенскиот храм доби нова, небесна димензија.
- Ознаки:
- Осветување
- Крст
- Ростуше
Поврзано
„Онаа која ја роди радоста на светот“
- 14 октомври 2025
Под Покровот на Царицата небесна во Ростуше
- 14 октомври 2025
Крстот – светлина во долината на плачот
- 27 септември 2025
Соопштение по повод Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден
- 24 септември 2025
Осветен храм на Свети Софрониј Атонски во Англија
- 23 јуни 2025











