Сочувство

Почитувани наши читатели,

Свештената Бигорска Обител молитвено и сострадално се приклучува кон денот на жалоста по повод погубните и разорни земјотреси во Турција и Сирија, изразувајќи го своето сочувство кон семејствата на постраданите и на сите засегнати. Нашите мисли, чувства и молитви се со сите нив. Усрдно се молиме Бог да ги упокои душите на починатите, да им дарува скоро закрепнување на повредените и утеха на ожалостените. Истовремено се молиме и за сите пожртвувани спасувачи од земјава и од целиот свет, кои неуморно помогаат и спасуваат човечки животи. Господ да ги награди со обилни благослови и дај Боже што повеќе живи луѓе да бидат извлечени од урнатините.

Свештената Бигорска Обител