Вести од Православната Црква на Чешка и Словачка

Извор:

Во вторникот на 7 февруари 2023 година, во салата за состаноци на канцеларијата на Прешовската православна епархија во Прешов се одржа редовна седница на Светиот Синод на Православната Црква во Чешка и Словачка. Во официјалното соопштение буквално стои:

„Светиот Синод ги разгледа и писмата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за возобновувањето на евхаристиската заедница со епархиите во Северна Македонија, како и писмата на Српскиот Патријарх Порфириј за реинтеграцијата на Црквата во Северна Македонија во канонската структура на СПЦ и за доделувањето автокефалност на Православната Црква во Северна Македонија со патријаршиски и синодален Томос од 20 мај 2022 година. Овие канонски одлуки на сестринските Православни Цркви беа прифатени со благодарност на Бога за надминување на долгогодишниот раскол“.