Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија се оградува и ги отфрла ставовите на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, искажани во интервјуто за весникот „Вечер“ од 04.12.2020 г. Тие претставуваат негово лично мислење и не го изразуваат ставот на другите членови на Синодот.
Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија останува на својата веќе изградена позиција во однос на решавањето на црковното прашање за својот автокефален статус да разговара со Мајката Црква — Вселенската Патријаршија.
Од Канцеларијата на САС на МПЦ — ОА
Извор: mpc.org.mk