Соопштение за Вториот Акатист

Возљубени,

Со особена радост ве информираме дека утрешниот Акатист во чест на Пресвета Богородица, нашиот почитуван Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, ќе го отслужи во манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица, во присуство и на сестрите од манастирот Пречиста.

Акатистот ќе започне во 19 ч., во Рајчичкиот параклис посветен на Светиот Григориј Палама.