Моштите на Св. царица Елена за првпат донесени во Грција

Извор:

 

Илјадници верници во Атина, во неделата на 14 мај ги пречекаа моштите на Св. рамноапостолна царица Елена, мајката на Св. Константин Велики, кои за првпат беа донесени во Грција од Венеција.

На Атинскиот аеродром моштите беа пречекани со сите почести од страна на ерарсите на Грчката Православна Црква и Министерот за национална одбрана, Панос Камменос.

На свечената церемонија во црквата посветена на Св. Варвара, каде што моштите ќе останат до 15 јуни, присуствуваа Архиепископот Атински и на цела Грција Јероним, како и претседателот на земјата Прокопис Павлопулос.

Светата царица Елена Константинополска е позната по својата дејност за ширење на Христијанството. Неа ја сметаат за заштитничка на Христијаните. Таа се упокоила во 328 година на возраст од 80 години. Светите мошти на царицата беа пренесени во Венеција од Константинопол во 1211 година. Нејзиниот син, императорот Константин Велики, го отфрли незнабоштвото и ја пренесе престолнината од Рим во градот Биѕантиј, којшто беше преименуван во Константинопол (денешен Истанбул).

До 15 јуни моштите на Светата Елена ќе останат во храмот посветен на Св. Варвара во областа Егалео.