Високопреосвештениот митрополит Александрополски г. Антим, преку видео кое го прикачи на YouTube, ги повика младите ученици и студенти да дојдат утрово на света Литургија и да им оддадат чест на Тројцата Светители (свети Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст), кои се заштитници на просветните работници и учениците во Грција, при што им вети дека после Литургијата ќе ги почести кафе.
„На излегување од црква ќе ви дадат картички за да одите и да пиете кафе, во кафетерија по ваш избор. Така, тоа ќе биде едно честење од мене. И да ви кажам нешто… Ова story ќе биде најдоброто на Instagram!“, рече митрополитот Антим во своето обраќање, прикачено на социјалните мрежи. Тоа за кратко време стана вирално, исто како и картичките со неговиот потпис, што беа поделени утрото на младите кои се црквуваа во храмовите на Александропол.
Согласно порталот e-evros.gr, картичките на митрополитот Антим за бесплатно кафе после денешната Божествена Литургија, беа разделени во еден миг од страна на учениците и ученичките кои во голем број се одзваа на поканата.