Чување на верата – Интервју на Архиепископот Елпидофор

Извор:

Интервју на Архиепископот Елпидофор на Грчката Православна Архиепископија во Америка

Во оваа дигитална ера, дали ни е потребно повеќе да се стремиме кон пожртвуваност и прошка кон другите? Каде можеме да се обратиме за да ја најдеме потребната насока во животот? Monocle Films направи средба со Архиепископот Елпидофор на Грчката Православна Архиепископија во Америка, за да разбере како Црквата се стреми да одговори на современите предизвици и да остане релевантна во Грчкото општество. Интервјуто беше извршено во Њујорк, од новинарот Хенри Рис Шеридан.


Чување на верата – интервју на Архиепископот Елпидофор

Дали е потребно повеќе да се стремиме кон пожртвуваност во нашиот живот? 

A.E.: Идејата на пожртвуваност има социјална а можеме да кажеме и политички последици во едно општество. Да се поучуваат луѓето на пожртвуваност, му помага на едно општество да напредува во областа на социјалната правда, демократијата, верската слобода и секаков друг вид на слобода. 

Кои се клучните предизвици на Православната Црква денеска? 

A.E.: Често зборувавме за климатското затоплување во последниве години, но разликата е што денеска не зборуваме повеќе за затоплување, туку за горење, заради тоа што планетата гори – и тоа е загрижливо. Потребно е да го преиспитаме нашето однесување кон општеството и да побараме поддршка од сите легитимни извори како на пример Црквата, научниците, факултетите за да се справиме со климатските проблеми и загадувањето на планетата. Се гордеам со тоа што нашиот Вселенски Патријарх Вартоломеј, благодарение на неговите иницијативи поврзани со намалување на загадувањето на планетата, е веќе запишан во историјата на човештвото како „Зелен Патријарх“. 

Ве сметаат за модернизатор во Црквата. Дали се сложувате со тоа? 

A.E.: Обновувањето и модернизирањето на Православната Црква се од клучна важност во рамките на Црквата. Но во Православната Црква тоа се случува на тотално друг начин за разлика од црквите на запад – познато како реформирање на Црквата. Во Православната Црква, ги следиме промените во општеството со одредено задоцнување бидејќи по природа Црквата и Црковните институции се конзервативни и отпорни на било какви промени. Но кога луѓето се менуваат, тогаш се менува и Црквата. 

Дали духовноста е поединечно важна за секого? 

A.E.: Ова општество е изградено врз вековно практикување на верата, така да на секого му е потребно тоа искуство. И да ја сподели својата духовност на конструктивен начин во општество, и за полезен баланс на сопствената духовна и телесна рамнотежа. 

Како Црквата го обликува Грчкото општество денеска? 

A.E.: Во Грција, Црквата сѐ уште има доминантна улога. Можеби не Црквата како институција, но духовноста која што е длабоко врежана во срцата, умот и духот на Грчкиот народ. Не верувам дека било кој настан може да го промени тоа.


Интервјуто е превземено и објавено на Monocle Films 5 Октомври, 2021, Њујорк.