Црквата на Романија впишува нови шеснаесет имиња во Диптихот на Светиите

Извор:

Светиот Синод на Патријаршијата од Букурешт ги одобри предлозите за канонизација на шестнаесет нови Светии, од кои повеќето се исповедници, маченици и подвижници од 20. век.

Меѓу новите светци се вбројуваат и тројца професори по теологија, кои ќе бидат почитувани како свештеномаченици, меѓу нив и познатиот во целиот православен свет, отец Думитру Станилое (1903-1993), кој ќе биде почитуван на 4 октомври, отец Иларион Фелеа (1903-1961), професор по богословие во градот Арад, чиј спомен ќе се прославува на 18 септември, и отец Ливиу Галактион Мунтану (1898 – 1961), професор по богословие во Клуж-Напока, кој ќе се прославува на 8 март.

Отец Думитру Станилое (1903-1993)

Во агиологијата ќе бидат впишани и архимандрит Клеопа (Илие) игумен на манастирот „Сихастрија“, чиј спомен ќе се слави на 2 декември, како и уште еден брат на овој манастир, јеросхимонах Паисиј (Олару), чијшто спомен исто така ќе се слави на 2 декември.

Литургиските текстови во нивна чест треба да бидат завршени, а самото канонизирање ќе биде извршено на следното заседание на Светиот Синод.