Државниот секретар на САД Мајк Помпео го посети Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во Фанар

Извор:

На 17 ноември државниот секретар на САД Неговата Екселенција г. Мајк Помпео беше во посета на Неговата Божествена Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј I во Вселенската Патријаршија, во Фанар. Ова го соопштува пресслужбата на Вселенската Патријаршија.

На Twitter државниот секретар напиша:

„Денес ја имам честа да се сретнам со Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I, и да ја посетам црквата на свети Георгиј. Како поглавар на Православниот свет, Вселенскиот Патријарх е клучен партнер во продолжетокот на заштитата на религиозните слободи ширум целиот свет“.

Државниот секретар и неговата сопруга Сузан Помпео беа срдечно примени во зградата на Вселенската Патријаршија од страна на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, од Високопреосвештениот Митрополит на Галија г. Емануил и од други службеници и соработници на Вселенската Патријаршија.

Патријаршискиот ѓакон г. Јаковос Крочак ги прошета гостите низ зградата и храмот на свети Георгиј и ги запозна со историјата на храмот, прикажувајќи им различни свети мошти, кои се чуваат од Мајката Црква, на кои гостите се поклонија.

Средбата со Патријархот Вартоломеј траеше околу еден час. Страните разгледаа прашања, кои се однесуваат на Вселенската Патријаршија, грчката дијаспора и верниците во Турција. Тие дискутираа и за православниот живот ширум светот, како и за развојот на меѓухристијанскиот дијалог за зајакнување на мирниот соживот и помирувањето меѓу различните народи и култури.

Патријархот Вартоломеј ја пофали работата на Православната Архиепископија на Америка, на чие чело стои НВП г. Елпидофор, оценувајќи ја како блескава.

Беа дискутирани и иницијативите на Вселенскиот Престол за подобрување на општествената свест во однос на значењето на творението и запазување на животната околина.

Страните разменија и мислења околу заштитата на основните права и религиозната слобода во светот.

Неговата Божествена Сесветост ја нагласи неопходноста од заштитата на Христијаните, но исто така и на сите религиозни заедници на Блискиот Исток, кои во последните години беа измачувани од војни и секакви искушенија.

Откако заврши средбата, НВП Митрополитот на Галија г. Емануил даде изјава пред медиумите, изјаваувајќи, дека оваа посета на државниот секретар на САД е историска. Тој потсети, дека и други државни секретари на САД биле во слични посети на Вселенската Патријаршија. Надополнувајќи, дека биле разгледани прашања, кои се однесуваат на религиозната слобода и основните човечки права, заштитата на христијанското присуство на Блискиот Исток и воопшто проблемите на Православието во целиот свет.

Како Вселенска Патријаршија ние имаме одговорност за единството и за благосостојбата на Православието, кое има важна улога во владеењето на мирот во светот

кажа митрополитот Емануил.

Во однос на Света Софија во Константинопол, митрополитот кажа, дека прашањето било разгледано, но не е негова работа да коментира. Напомена, дека не само Вселенскиот Патријарх, но и целиот свет го осудија и го осудуваат решението на Турција да го оскверни овој многувековен споменик на културното и византиското наследство.