Почина српскиот Патријарх Иринеј

Извор:

Утрово на 91-годишна возраст почина Поглаварот на Српската православна црква, Патријархот Иринеј. Во врска со смртта на Патријархот, во официјалното соопштение на СПЦ се вели:

„Во петок, 20 ноември 2020 година, во 7:07 часот, во Воената ковид болница „Карабурма“ во Белград, се упокои во Господа Неговата Сесветост Архиепископот пеќски, Митрополит белградско-карловачки и Патријарх српски г. Иринеј (Гавриловиќ)“.

 Бог да го прости!