Со благослов на архиепископот Епифаниј Думенко, а на покана од Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, епископот на Одеса и Балтикот од Православната Црква на Украина, г. Павле Јуристи, ја посети Света Гора и на 8 февруари 2019 год. чиноначалствуваше со Светата Литургија во светогорскиот манастир Пантократор, откако претходната ноќ, браќата на манастирот и претставници на ПЦУ отслужија заедничка вечерна богослужба. Инаку ова е прва официјална посета на Света Гора и прва отслужена вечерна богослужба и Литургија на претставник од Православната Црква во Украина во некој светогорски манастир.
Поврзано
Соопштение за бденијата од петтата седмица
- 24 март 2026
Патријаришско послание за Акатистот
- 23 март 2026
Венецот на единаесеттиот час
- 22 март 2026











