Сочувство

По повод трагичната сообраќајна несреќа што се случи вчера кај селото Ласкарци, во која загинаа 14 лица, претежно млади луѓе од Гостивар и околните села, Бигорскиот манастир го изразува своето длабоко сочувство кон семејствата на жртвите, молејќи се за покој на нивните души.

Нека милостивиот Бог снисходливо погледне на нив и нека ги прими во Своето Царство, а на нивните најблиски нека им испрати утеха и сили, за полесно да ја понесат оваа за нив голема болка.

Вечен им спомен!