Москва целосно го прекина општењето со Константинопол

Извор:

Кон целосен прекин на општењето со Вселенската Патријаршија доведе денес Светиот Синод на Руската Патријаршија, кој за прв пат во историјата се состана во Минск, Белорусија.

Патријархот Кирил и синодските митрополити на Руската црква одговорија на овој начин на решението на Вселенската Патријаршија да го поништи одлачувањето и расчинувањето наметнати на патријархот Филарет Украински како и на до неодамна шизматичкиот архиепископ Макариј, коишто ги врати во канонскиот поредок.

Оваа одлука на Руската црква делумно беше очекувана, бидејќи речиси и беше најавена од митрополитот Волоколамски Иларион, којшто изминатиов петок на телевизиската станица „Русија 24“ рече дека Руската црква е подготвена за целосен прекин на општењето со Вселенската патријаршија, објаснувајќи дека „Константинополскиот Патријарх го направи невозможно запазувањето на единственото со Константинополската Патријаршија“.

На заседанието на Светиот Синод учествуваше и митрополитот Киевски Онуфриј, којшто на минатото заседание учествуваше преку видеоконференција.