Нов дом за десет – детно семејство во Романија

Извор:

Семејството Циобану наскоро ќе има нов дом за живеење, благодарение на дарежливоста на еден романски манастир. Изградбата на нивната нова куќа започна кон крајот на мај оваа година и забрзано се приведува до крај. Објектот е веќе опремен со покрив, а неодамна беа наместени и прозорците. Куќата се гради во непосредна близина на локалниот храм, на иницијатива на манастирот Хадамбу во Североисточна Романија.

„Куќата ќе биде опремена и со соодветен ентериер, дрвени подови, мебел и сите други неопходни работи. Сакаме веќе до почетокот на зимата децата да си се сместени во својот нов дом и да ги имаат сите потребни услови. Ова семејство го одбрав како поради многудетноста, така и заради фактот дека сите деца се многу добри и вредни ученици“, изјави игуменот на манастирот, архимандрит Никодим Георгица, кој неодамна на децата им подари нови чевли. Потребните средства за изградбата беа донирани од страна на верници од околината и од бројни поклоници на манастирот.