Патријарх Вартоломеј: Христијанството е вера на љубов и дијалог

Извор:

Христијанството е вера на љубов и дијалог, и единствениот придонес на Црквата кон ова современо општество е токму неговата отвореност за средби и дијалог“, изјави Патријархот Вартоломеј во едно неодамнешно интервју за романскиот портал Евз.ро.


Ако има некаков посебен и придонесувачки аспект на православната Црква за ова време и овој свет, тоа би биле средбите и дијалогот. Тоа е духот што би сакале да ви го пренесеме“, рече Патријархот.


Наше верување а истовремено и цврста надеж е дека христијанството би можело да биде перцепирано како вера на љубов и дијалог.
Учењето на Евангелието е она што православната Црква сака да го овоплоти и одржи во современиот свет“, продолжи тој.


Дијалогот е од пресудно значење, особено во земја како Турција, каде исламот преовладува. Доколку се среќаваме отворено и искрено, разговараме како браќа и сестри, и нашата комуникација започнува со една меѓусебна почит и со заедничка вера во Бога, тогаш би можеле да уриваме бариери помеѓу вери и нации“.


3борувајќи за своето поставување за Вселенски Патријарх во 1991 год., Неговата Сесветост изјави дека тогаш сфатил, а и сега е свесен за тоа дека неговата задача е да го создава и запазува единството помеѓу православните Цркви и да се залага за мегухристијанско помирување.


Она што треба постојано да го имаме на ум во Црквата е дека таквото наследство не е луксуз или привилегија, туку бреме и одговорност која скоро и да нема видлива надворешна награда, туку само свесна увереност дека ќе дадеме одговор за грижата, притоа гледајќи да ја почитуваме и запазиме 20-вековната традицијата и пракса“, рече Патријархот.


Освен тоа“, нагласи Претстојателот, „Црквата го има истиот интерес како и општеството. Многумина погрешно мислат дека верата има едни интереси и грижи, а општеството други, но тоа е непотребна и опасна заблуда. Секој мора да работи и да се труди кон подобрување на условите во овој свет, што подразбира соработка помеѓу верата и општеството“.