Во текот на оваа година илјадници неволници добиле помош преку разнообразната социјална и добротворна дејност на Пирејската митрополија. Неговото Преосвештенство митрополит Серафим Пирејски во пресрет на Божик подели 7500 т.н. „пакетчиња на љубовта“ на оние коишто се борат со секојдневни тешкотии во обезбедувањето на храна и други основни потреби.
„Секој човек е вистински храм Божји во кого се раѓа благословениот Бог, Господ Исус Христос и така секој човек станува мал Христос и жител на Царството Божјо“ изјави митрополитот во својата кратка честитка, додавајќи дека „Божикната порака е порака на љубов, вистина и живот. Затоа го славиме овој ден како наш личен роденден“.
Тој исто така нагласи дека „денешната средба е почесен израз на љубов кон нашите татковци и браќа во Господа кои со голема усрдност и грижа ја спроведуваат добротворната и социјална работа на нашата Црква“.
Единствена улога на Црквата е да го внесе Христа во срцата и телата на сите луѓе, додаде митрополитот Серафим. „кога вистински го љубиш Бога, го љубиш човекот. Ова се објавува денес. И ви го објавуваме на сите вас со многу љубов и почит“.
Митрополитот веќе подели 7000 вакви пакетчиња на Велики Четврток оваа година.