Македонските ракометни репрезентативци, по победата над Словенија со која го отворија Европското првенство во Хрватска, по повод големиот христијански празник „Обрезание на Господ Исус Христос и Св. Василиј Велики, вчерашниот слободен ден го поминаа во духовно расположение на Света Литургија во православниот храм посветен на „Св. Злата Мегленска“ во Загреб. Во храмот тие ја добија поддршката и од православните Македонци кои живеат таму, како и од Европскиот Митрополит при Македонската Православна Црква Пимен.
Така Македонската ракометна репрезентација, покрај максималните физички подготовки и духовно се подготви за денешниот натпревар против Црна Гора.