Се упокои во Господа нашата драга соработничка и пријателка, Јулијана Тануровска

Со длабока вера во вечниот живот и надеж во Христовото ветување, денес упатуваме последен поздрав до нашата сакана Јулијана, која мирно се пресели во прегратките на Господа.

Бигорската Свештена Обител со благодарност се сеќава на нејзиниот труд и љубов кон делото Божјо, како и на искрената и плодотворна соработка со оваа прекрасна личност. Зашто Јулијана, најголемиот дел од својот овоземен живот го помина ревносно служејќи ѝ на мисијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и нејзината проповед преку јавните гласила. Својата стручност и знаење ги даруваше несебично, со искрена љубов кон Христа, служејќи Му како на Жив Бог.

Нејзината благост, добрина и несебична љубов ќе останат врежани во нашите срца.

Се молиме Христос, Победителот над смртта, да ја прими нејзината душа во Својата небесна прегратка и да и’ подари вечер мир и неискажлива радост.

Вечен спомен, драга наша Јулијана!