Братството на Свештената Бигорска Обител, предводено од игуменот, Епископот г. Партениј, го изразува своето длабоко сочувство по повод синоќешниот несреќен настан во Тетово, во кој, при пожар во модуларна болница за болни од ковид-19, животот трагично го загубија 14 лица, а повеќемина беа повредени.
Нашето братство со усрдност се моли за покој на душите на постраданите, за брзо закрепнување на повредените и за утеха на ожалостените семејства. Исто така, ја искажува својата голема благодарност кон медицинскиот персонал и кон граѓаните што пожртвувано се вложија себеси за спречување на поголема катастрофа и за спас на што повеќе човечки животи. Нека милосрдниот Бог ги награди за нивниот подвиг и човекољубие.