Отворен дом за нега на стари лица во Бачковски манастир

Извор:

Ова е првиот таков дом за стари свештеници и за други социјални случаи во Бугарија, кој се отвора најдоцна крајот на годината во познатиот древен манастир. До 1960 овој објект бил социјален дом. Сега е во процес на возобнова, која ја овозможија средства од државата и од приватни дарители. Наменет е за постари свештеници и луѓе кои цел живот служеле на Црквата, како и луѓе кои се оставени без никаква грижа во своите стари години и имаат препорака од својот свештеник. Првично во домот ќе бидат сместени 30 стари лица, но постојат планови за зголемување на капацитетот во иднина. Лекарите од локалната болница ќе се погрижат околу медицинската нега, а ќе биде земено предвид и посебна грижа за оние со ограничено движење. Според епископот Сиониј Велички, луѓето што ќе живеат во домот целосно ќе учествуваат во манастирскиот живот, по мера на нивните можности, а дополнително ќе им се овозможи и простор каде тие ќе можат да изработуваат секакви ракоделија, за да можат да ги уживаат во полнота плодовите и духовните придобивки од своето трудољубие за слава Божја.

Бачковски манастир „Успение на Пресвета Богородица”. Photo: flickr.com