Вести од Православната Црква на Албанија

Извор:

Денеска на официјалната страница на Православната Црква на Албанија излезе соопштение коешто се однесува на нашето црковно прашање. Соопштението го пренесуваме во целост:

„Светиот Синод на Православната Автокефална Црква на Албанија, за време на седницата од 23 февруари 2023 година, под претседателство на Неговото Блаженство Архиепископот Анастасиј, повтори дека со задоволство ја поздравува одлуката на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија од минатиот мај 2022 година, дека ‘Таа ги прифаќа во евхаристиска заедница јерархијата, свештенството и мирјаните на Црквата под Архиепископот Стефан… Како име на оваа Црква го признава ‘Охридска’ (што значи дека областа на нејзината јурисдикција се наоѓа само во границите на територија на државата Северна Македонија)’.

Во меѓувреме, Православната Црква во Албанија не продолжи со никакви јавни изјави, во очекување на исполнувањето на потребните црковни процедури. Наполно согласна дека со гореспоменатата одлука, нашироко прифатлива, се исцели раната на постојниот раскол и дека мирот и единството на целата полнота се обезбедени, таа го чека дефинитивното регулирање на статусот на автокефалност и точното име на новата помесна Црква, доделена од надлежниот Свештен Центар на Вселенската Патријаршија“.