Во Кинеските училишта ќе се казнуваат учениците коишто посетуваат црква

Извор:

Учителите во градскиот округ Вентцу, провинцијата Зејанг, неодамна поделиле писма на родителите на учениците во основните и средните училишта, со барање да се изјаснат за своето религиозно убедување. Информација за ова се појави на сајтот на организацијата „Глас на мачениците“, којашто се занимава со давање помош на членовите на гонетата црква по целиот свет. Била основана во 1967 година од пасторот Ричард Вурмбрант, кој 14 години бил во затворите на комунистичка Романија поради својата вера во Христа.

Како што се наведува на сајтот, школската администрација дури и ги посетувала домовите и работните места на родителите Христијани, барајќи од нив да се откажат од својата вера. Во некои случаи самите работодавци се заканувале со скратување на платата на христијанските службеници, само за да ги одвратат од посетувањето на црква.

Во еден од кинеските региони било поставено онлајн предупредување: „Училиштата треба да им објаснат на своите ученици дека тие не смеат да имаат никакви религиозни убедувања, ниту да ја проповедаат религијата и да посетуваат црква“. За учениците што ќе посетат црква предвидени се строги казни, бидејќи, како што е наведено во изјавата, тоа е „наметнато туѓо влијание“.