Серијал на кратки анимирани филмови за деца

Почитувани наши читатели,

Ве известуваме дека од денес започнавме да објавувавме серијал на кратки православни и поучни, анимирани филмови за деца: „Христијански параболи“. Тие ќе бидат достапни на нашата интернет страница, во прозорчето: „МЕДИЈА“ > „ВИДЕО“ > „ЦРТАНИ“. Првиот анимиран филм од овој серијал е насловен „Должници“.

За преводот на македонски јазик се погрижија двајца браќа верници, коишто ја замолија нашата редакција имињата да им останат анонимни. Им ја искажуваме нашата срдечна благодарност за нивното богоугодно дело. Нека предобриот Бог ги награди за нивниот труд!