490

Патријарх Неофит за МПЦ-Охридска архиепископија: Имаме консензус во однос на прашањата за иднината

Извор:

Имаме консензус по главните прашања за иднината. Тоа го изјави пред БГНЕС Негово Светејшество патријарх Неофит во одговор на прашањето што да очекуваме во блиската иднина во однос на зближувањето меѓу Бугарската православна црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

„Претстојат засилени средби и разговори. Се трудиме да се ислушаме со внимание, да го одржиме добриот тон, да се среќаваме со архиереите и со луѓето, од коишто зависи придвижувањето на ова прашање. Слава Му на Бога што имаме консензус во однос на главните прашања за идното единство“, подвлече бугарскиот патријарх.

МПЦ-Охридска архиепископија минатата есен побара БПЦ да биде нејзина Црква-мајка и да се избори за нејзината автокефалност. Светиот синод на БПЦ создаде специјална комисија за разрешување на прашањето и веќе беа спроведени првите средби. Во Софија дојде лично и Поглаварот на МПЦ-Охридска архиепископија, архиепископот Стефан.

Патријархот Неофит се сретна на 7 јануари со вселенскиот патријарх Вартоломеј, со когошто отслужија Литургија во обновениот Железен храм „Свети Стефан“ во Истанбул. После тоа двајцата духовни пастири имаа разговори, на коишто беше засегната темата за автокефалноста на МПЦ-ОА.

Прашан дали ќе земе учество во претстојните чествувања по повод 1000-годишнианта од создавањето на Охридската архиепископија, патријархот Неофит одговори: „Ќе обмислиме како да се одбележи овој настан. Со Бога напред! Ќе се трудиме да служиме на љубовта и мирот Христови“.

Фото: БГНЕС