Ознака:Поклоничко патување

Света Гора

Со полно срце од Богородичната Градина – благодатен завршеток на светогорското поклонение

Нашето поклонение во Светата Гора Атонска, кое во изминативе денови, по милоста и застапништвото на Царицата Мајка, ни подари толку многу благословени средби, свештени богослуженија и незаборавни духовни доживувања, по Божјата милост заврши исто онака благодатно како што и започна…

Вселенска Патријаршија

(Видео) Благодатна светогорска ноќ во Скитот на свети Пантелејмон – историско архиерејско служење на Старецот

Историски настан во Богородичната Градина Во свештената исихија на Богородичната Градина, каде што времето како да го губи својот вообичаен тек и се претвора во непрестајно очекување, но и среќавање на вечноста, синоќа, во Кутлумушкиот скит на светиот славен великомаченик…

Икона Пресвета Богородица

Во прегратката на Богородичната Градина – првото поклонение на Старецот на Света Гора како епископ

Со особена трогнатост, духовна радост и благодарност кон преблагиот и великодарежлив Бог, нашиот возљубен старец и игумен, Неговото преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, придружуван од дел од Бигорското братство, деновиве престојува на поклонение во Светата Гора Атонска – благословената Градина…

Метеори

Поклонение на Светите Метеори (петти дел)

Манастирот „Свети Никанор“ – Заворда На враќањето кон дома, нашиот најмил Старец нѐ поведе до уште една света и историска обител – манастирот на преподобниот Никанор во Заворда, прекрасно сместен на падините на планината Калистрат, над реката Бистрица. Срдечно нѐ…

Метеори

Поклонение на Светите Метеори (четврти дел)

Соборниот митрополитски храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Каламбака и средба со Н. В. Митрополитот г. Теоклит Вториот ден од нашето патување, во петокот на 5 јуни, го започнавме во подножјето на Метеорите, во древниот, византиски соборен храм „Успение на…

Метеори

Поклонение на Светите Метеори (трет дел)

Манастирот Голем Метеор (Преображение Господово) Највисоко од сите врвови, речиси „среде небото“, нѐ очекуваше Големиот Метеор, најстарата и најголема обител на Метеорите, посветена на Преображението Господово. Тука сѐ започнало: на овој Широк Камен преподобниот Атанасиј Метеорски во средината на 14.…