Објави од Свети Нектариj Егински
Поучни словa
Свети Нектариj Егински
Благородноста е христијанска морална добродетел, благо воспитување на душата во зборови и на дела. Одликите на благородноста се смел дух, великодушноста, слободата, чесноста, благодатноста, дарежливоста, висината на духот, великодушноста, чистотата, отвореноста, благопроизволноста, отменото држење, праведноста и вистинитоста. Благородноста е соборна добродетел; добродетелта и благородноста се истоимени зборови и укажуваат на истата смисла, на воспитаноста…
Поучни словa
Свети Нектариj Егински
Ликот на благородниот е особена глетка, бидејки врз него се излева благодатта на божествената Икона. Добродетелите кои се насобрале во него, прикладно го отсликале со својата четка образот на благородниот и секоја добродетел ја запишала својата убавина со најтенки линии; така ликот на благородниот станал навистина неповторливо уметничко дело, како она кое е создадено…
Поучни словa
Свети Нектариj Егински
Машкоста е невознемиреност од стравот пред смртта, бестрашност пред неволјите, храброст пред опасностите и избирање на чесна смрт отколку срамно избавување. Ми се чини помажествен е оној кој ги надвладеал телесните желби, отколку оној кој ги надвладеал непријателите, бидејќи потешко е да се победи самиот себе. Мажествен е оној, кој не само што им…
Поучни словa
Свети Нектариj Егински
Моралната машкост е добродетел која се пројавува како сила својствена на оној кој се воздигнал над сите животни неприлики и несреќи, кој е способен истрајно и непоколебливо да им дава отпорна неприликите кои го снашле и кој има цврста надеж во моралот и верата. На таквиот човек Божјиот закон му е правило на неговите намери…
Поучни словa
Свети Нектариj Егински
Моралната немажественост е недостаток на морална сила, која се појавува како попустливост, покорност, како пораз, како ропство. Немажественоста е најголема морална слабост, а од неа се раѓаат сите гревови. Оној кој е лишен од моралната сила неможе да им даде отпор на надворешните и внатрешните искушенија кои се зачнуваат во неговото срце; не може…
Поучни словa
Свети Нектариj Егински
Незлобливоста е чистота на срцето и правилно устројство на разумот. Незлобливоста ја изразува добрината на душата која примила секаква добродетел. Незлобливоста е спротивна на лукавството. Свети Василиј Велики незлобливоста ја нарекува извлекување од гревот која се постигнува со разумот и вели дека називот незлоблив го добиваме по долготрајна молитва и со испитување на доброто…