Секој ден барај Го Бога и не заборавај дека Он никогаш не греши и сè прави совршено.

Често се жалиме на негативните работи кои ни се случуваат, заборавајќи дека ништо не е случајно и дека сè се случува со причина.

Си бил еден крал кој не верувал во Божјата добрина и имал еден слуга кој во сите ситауции знаел да каже: „Кралу мој, немојте да бидете обесхрабрени, сè што прави Бог е совршено. Он не греши“.

Еден ден, по кој знае пат отишле заедно на лов. Во текот на ловот едно диво животно во самоодбрана го нападнало кралот. Неговиот слуга успеал да го убие животното, но не успеал да го заштити кралот да не го изгуби својот прст. Лут и без никаква благодарност што е спасен, кралот го прашал слугата: “Дали е Бог добар? Да беше добар јас немаше да бидам нападнат и немаше да го изгубам прстот“.

Слугата му одговорил: “Кралу мој, и покрај сè, јас можам да ви кажам дека Бог е добар и Он знае зошто сето тоа се случило. Сè што прави Бог е совршено. Он никогаш не греши“.

Бесен поради неговиот одговор, кралот наредил да го фатат слугата и да го затворат во најмрачната темница.

После месец дена кралот повторно отишол на лов, но овој пат сам. За негова несреќа, по кратко бркање и борба го фатиле некои дивјаци кои од памтивек обавувале ритуално жртвување на луѓе. На олтарот за жртви забележале дека нивната жртва нема еден прст. Согласно нивните обичаи за жртвување, само здрава и целосна жртва можело да им биде понудена на нивните богови. Затоа го ослободиле кралот.

Кога се вратил во палатата кралот наредил да го ослободат слугата и радосно го примил и рекол:

“Бог навистина беше добар спрема мене! За малку ќе ме убиеја едни дивјаци и кога видоа дека немам еден прст, ме ослободија. Но, имам едно прашање, ако Бог е толку добар, зошто допушти јас да те ставам тебе во затвор?“

Слугата одговорил: “Кралу мој, да дојдев јас со тебе во лов, и мене ќе ме фатеа и сигурно ќе ме жртвуваа бидејќи јас не сум без еден прст. Запомни, сè што прави Бог е совршено. Он никогаш не греши, допушти ти да ме ставиш во затвор, за да дојдам со тебе во лов“.

Често се жалиме на негативните работи кои ни се случуваат заборавајќи дека ништо не е случајно и дека сè се случува со причина.

Секој ден барај Го Бога и не заборавај дека Он никогаш не греши и сè прави совршено.