Манастирот Св. Јован Бигорски е на боженствено место, па оттука може да се најде и објаснувањето за начинот на кој Велигден се доживува таму. Но тоа е само мал дел од приказната, која не може да ја долови ниту еден збор или слика. Опколено со планини, оддекот на планинското ехо со Христос Воскресе, едноставно вреска во душата.
Запалените свеќи на верниците од благодатниот оган од Ерусалим, даваа некоја чудесна магија на тоа место. Безброј ѕвезди на надеж за подобро утре и победа на доброто над лошото.
Мирисот на манастирот исполнет со најубавите свежи цвеќиња, може да се спореди со најскапоцени парфем, кој нема цена – се разбира.
Радосната вест за Христовото Воскресение, покрај со литургијата, песните кон Бога се прославува со попрскување на верниците со миро и со свежи цвеќиња.
Секој миг и момент се магија.
Еве мал дел од официјалната галерија преку нашиот објектив, бевме и посакуваме секогаш да припаѓаме таму за најголемиот христијански празник, повеќе ќе најдете ТУКА
Христос воскресе!