Месната заедница на Галичник на својот Facebook профил му ја честитаа хиротонијата на нашиот иумен и епископ Антаниски, г. Партениј. Богатата културна и историска традиција на Македонците пренесувана од колено на колено и денес во XXI век се негува со исто темпо. Галичани, облечени во Мијачка носија, заедно со останатите Мијаци од овие краишта го красеа целиот настан.
Сепак посебен Петровден: Со празнична Божествена литургија одржана во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид денеска архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, е хиротонисан за нов епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
Секако, и Галичани беа присутни, да оддадеме чест, да му честитаме и да му посакаме добро здравје и долги години служба!
(На Горан Филиповски му благодариме за фотографиите)