Македонски паун за личности на годината на „Нова Македонија“

Статуетки и признанија „личност на годината 2012“ на „Нова Македонија“ им беа врачени на генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов; главниот извршен директор на „Вип оператор“, Никола Љушев; претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите, Драги Аргировски; игуменот на манастирот „Свети Јован Бигорски“, отец Партениј; ракоме-тарите Кирил Лазаров и Наум Мојсовски; сопранистката Ана Дурловски; директорката на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Лабина Митевска; музичарот Гарабет Тавитјан и на па-раолимпијката Оливера Наковска-Бикова

Признанија и статуетки со претстава на паун денеска беа доделени во „Порта Македонија“.

Овие десет личности се убав портрет на Македонија во 2012 година, рече главниот и одгово-рен уредник на „Нова Македонија“, Зоран Димитровски, претставувајќи го годинашниот из-бор на признанијата „личност на годината“ што весникот ги воведе за најистакнатите лично-сти што ја одбележале годината во областа на бизнисот, културата, политиката, уметноста, науката, образованието, спортот, општествените и хуманитарните дејности.

Во анкетата за личност на годината за 2012 година на веб-страницата на „Нова Македонија“ гласаа близу 6.000 наши читатели, а најмногу гласови добија игуменот на манастирот „Свети Јован Бигорски“, отец Партениј (2.660), и претседателот на СЗПМ, Драги Аргировски (2.217).

Отецот Партениј, кој не беше во можност да присуствува на настанот, испрати телеграма во која го изрази задоволството што се наоѓа помеѓу лауреатите.