Бигорската и Рајчичката Обител традицонално и оваа година организираа искачување на врвот Голем Крчин кој е највисок врв во Македонија и планината Кораб.
Исто како и минатата година исполнета е целта и рано наутро на Голем Крчин на граничната линија со соседна Албанија на надморска висина од 2753 метри беше отслужена Света Литургија.
Заради обезбедување на групата со повеќе од 600 верници и спортисти, во сите фази на искачувањето покрај професионалната организација била присутна и Единицата за спасување на планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид.
Во потфатот учествуваа сите планинарски друштва во Македонија со над 20 лиценцирани професионални водичи во планина.
Патот до Голем Крчин е со средна тежина и трае околу 4 часа. Верниците и спортисти кои од новата црква Свети Кирил и Методиј над селото Битуше тргнаа во 3 часот наутро а на Голем Крчин малку по 07 часот изутрина.
Монашкото братство од манастирот Бигорски и сестринството од манастирот Рајчица кои го организираа настанот помогнати од голем број волонтери за сите присутни обезбедиле скромен оброк.
Дел од учесниците на социјалните мрежи објавуваат прекрасни фотографии од овој несекојдневен настан.
Добро утро од Крчин #УбавинитеНаМакедонија pic.twitter.com/8sMAiWNnJl
— Бактерија (@EsherihiaColi) August 18, 2019