По повод милениумскиот јубилеј 1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир, денеска во Ликовниот салон на МАНУ, беше отворена изложба со наслов: „Од уметничката ризница на Бигорскиот манастир”.
На свеченото отворање на изложбата се обратија Академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, и г. г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва.
На изложбата што ќе трае до 30-ти октомври, се презентирани дваесетина иконописни дела од ризницата на манастирот, како и дела од применетата и графичката уметност од депоата на музејските институции. Автор на изложбата и на каталогот е д-р Сашо Цветковски, научен советник во Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов” при МАНУ. За значењето на оваа несекојдневна и по многу нешта единствена изложба, во продолжение ни зборува токму тој.