Гостивар – Делегацијата на МПЦ вчера на Вселенскиот патријарх Вартоломеј му подари митра со ангелски ликови. Подарокот беше изработен во работилницата на Источниот и Долниот Бигорскиот манастир за релативно кратко време. Ја обмисли и ја изработи архимандрит Партениј. Митрата е со ангелски ликови и со потемна боја на камчињата и платното, бидејќи митрата се предаде во време која започнаа најдолгите – Велигденски пости кај Православните христијани. Инаку, во свечени прилики за време на одржување на богослужби, митри изработени од архимандрит Партениј, покрај великодостојниците на МПЦ, носат и владици на Романската православна црква, Бугарската, Грчката, Српската и Албанската црква.
- Ознаки:
- Патријарх Вартоломеј
- Митра
Поврзано

Осветен храм на Свети Софрониј Атонски во Англија
- 23 јуни 2025

Сочувство од Вселенскиот Патријарх
- 16 март 2025

Патријаршиско Послание за Рождеството Христово (2024)
- 5 јануари 2025