Гостивар – Делегацијата на МПЦ вчера на Вселенскиот патријарх Вартоломеј му подари митра со ангелски ликови. Подарокот беше изработен во работилницата на Источниот и Долниот Бигорскиот манастир за релативно кратко време. Ја обмисли и ја изработи архимандрит Партениј. Митрата е со ангелски ликови и со потемна боја на камчињата и платното, бидејќи митрата се предаде во време која започнаа најдолгите – Велигденски пости кај Православните христијани. Инаку, во свечени прилики за време на одржување на богослужби, митри изработени од архимандрит Партениј, покрај великодостојниците на МПЦ, носат и владици на Романската православна црква, Бугарската, Грчката, Српската и Албанската црква.
- Ознаки:
- Патријарх Вартоломеј
- Митра
Поврзано

Патријаршиско Послание за Рождеството Христово 2022
- 21 декември 2022

(ВИДЕО) Престолниот празник на Вселенската патријаршија
- 30 ноември 2022

Вселенскиот Патријарх на официјална посета на Лондон
- 20 октомври 2022

Историско сослужение на Голгота во Ерусалим
- 23 септември 2022

Ви благодариме за тоа што сте, Ваша Сесветост!
- 13 јуни 2022