Деновиве во Дебар, на голема радост за христијаните, беше осветен стариот и сега реконструиран парохиски дом во градот Дебар. Оваа куќа којашто сега заблеска со нов сјај е обновена со средства на Дебарско-кичевската епархија, и сега е дом во кој заедно со своето семејство живее благочестивиот свештеник Миле Ангелоски. Пред чинот на осветувањето надлежниот Митрополит г. Тимотеј изврши крштевање на неговиот син Теофан, а на него учество зедоа и Архимандрит Партениј со дел од неговото во Христа братство и сестринство, како и протоѓаконот Николче Ѓурѓиновски.
Нека Господ го поткрепува со Својот благослов свештеникот отец Миле, обновениот парохиски дом и целата негова парохија. Амин.