Националното собрание во Киев ги отфрли антицрковните предлог закони

Извор:

Народните пратеници од Киев не ги разгледаа антицрковните предлог закони од 18 мај оваа година. На денот на седницата на собранието пред Врховната Рада во Киев беше организиран молебен со учество на православните христијани од целата земја, коишто апелираа пратениците да не ги усвојат двата предлог закони.

Станува збор за „Законот за слобода на совеста и религиозните организации“ и „Закон за особен статус на религиозните организации, чиишто раководни центри се во држави, коишто од самото собрание се прогласени за агресори“. Овој вториот закон беше веќе разгледуван во Собранието и отфрлен, а сега, после претрпената редакција, требаше повторно да биде ставен на гласање. Законот беше неприфатлив за верниците поради барањето да се потпише договор помеѓу споменатите јурисдикции и Владата, според кој „религиозните организации се должни да ги уважуваат суверенитетот, територијалната целост и законите на Украина, а исто така и на другите религиозни организации кои дејствуваат во земјата“. Според овој закон тие требало да го усогласуваат со власта назначувањето на своето централно и регионално раководство, како и поканата на верски водачи од други земји. Исто така, во случај на нарушување на законот, односно утврдувањето на факти за соработка со претставници на воено-терористички организации, како и за неисполнување на правните норми предвидени со законот, Власта има право да ја запре дејноста на религиозната организација на територијата на Украина.

Православните верници ја продолжија молитвата од 8 часот наутро до завршувањето на пленарната седница. По завршувањето на седницата којашто беше предвидена за разгледување на споменатите предлог закони, кон верниците пристапија народните претставници коишто им соопштија дека воопшто немало разгледување на тие закони. Во врска со ова, од името на Блаженејшиот Митрополит Киевски и на цела Украина, Онуфриј, архиереите им се заблагодарија на духовенството и мирјаните за покажаната храброст во исповедањето на својата вера.