На денешниов јубилеј по повод 30 години од пчеларското здружение „Матица“ од Дебар, беа поканети претставници на Бигорскиот манастирот „Св. Јоаван Крсител“ и од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во село Рајчица – метох на Бигорскиот манастир. После одржаниот реферат и објаснувањето во кратки црти за историјата и достигнувањата на пчеларското здружение кое што го одржа претседателот Русе Миновски, беа доделени и пригодни признанија, благодарници и плакети. Меѓу лауреатите беше и Бигорскиот манастир кој што доби плакета во знак на благодарност за посебен придонес во работата, развојот и унапредувањето на пчеларството, како и метохот на Бигорскиот манастир во селото Рајчица – „Св. Георгиј Победоносец“, кој што доби благодарница.
- Ознаки:
- Дебар
Поврзано
Под мајчинскиот Покров на Пресветата Богородица во Ростуше
- 14 октомври 2026
Покриени од Мајката, за да покриваме и ние
- 14 октомври 2026
Манастирот Пречиста во знакот на Крстот и просветлението
- 4 октомври 2026
Крстот – врата на славата
- 4 октомври 2026











