ЦО од село Лазарополе му го честита изборот за епископ на архимандрит Партениј


Благочестивите Лазарополчани, кои се наши долгогодишни верни соработници и сотрудници во делото за зачувување на Мијачката култура и традиција, деновиве му го честитаа изборот за епископ на МПЦ – ОА на нашиот Старец, архимандрит Партениј.
Нивната честитка ви ја пренесуваме во целост:

Во име на Црковниот одбор од храмот „Свети Георгиј Победоносец“, од славното Лазарполе, на архимандритот Партениј му ја честитаме новата црковна служба, односно неговиот избор за епископ Антаниски на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Му посакуваме добро здравје, како и силна вера и истрајност во сите задачи и предизвици кои му следат. Лазарополчани од се’ срце се радуваат на неговата претстојна хиротонија закажана за 12 јули во Охрид, и искрено се надеваат дека досегашната многуплодна соработка со игуменот Партениј ќе продолжи и понатаму.

Црковен одбор при храм „Свети Георгиј Победоносец“, село Лазарополе.