Почитувани наши читатели,
По повод великиот јубилеј на Свештената Бигорска Обител: 1000 години од нејзиното основање, Македонската телевизија подготви документарен филм за Бигорски. Во продолжение ви го предлагаме краткиот вовед од авторите на филмот, а потоа и самиот документарец:
„Вистински предизвик за МТВ беше да се биде дел од историската милениумска прослава на 1000 години Бигорски Манастир, а особено за нас, авторите на документарниот филм, пред сѐ, поради мислата дека можеби, од преголема желба, нешто ќе пропуштиме, нешто ќе остане недокажано…. Но, срцата ни се полни кога знаеме дека успеавме да ја постигнеме нашата цел, со филмот да придонесеме за промоција на Бигорскиот Манастир, како едно од нашите најголеми светилишта, центар на културата, писменоста и уметноста низ вековите“.
Сценарио: Сања Орушева
Режија: Зоран Нефовски
Камера и дрон: Здравко Петрушевски
Монтажа: Ирена Белул
Нашето монашко братство им ја изразува на овие богољубиви души својата голема благодарност.